Skip to main content

Димитар Велјаноски поднесе оставка од советничкото место во Општина Охрид

Димитар Велјаноски поднесе неотповиклива оставка од местото советник во Советот на Општина Охрид.

 |   | 

Димитар Велјаноски поднесе неотповиклива оставка од местото советник во Советот на Општина Охрид.

Велјаноски на локалните избори беше носител на независната листа „Охрид пред сѐ“, граѓанското движење што освои едно место во 23-члениот совет на Општината.

Според изборната листа, а и информациите од „Охрид пред се“, местото на Велјаноски во Советот ќе го заземе Леона Кичеец.

Инаку, првичните информации се дека оставката на советничката функција е поднесена од лични причини.