Skip to main content

Дипломати и туристи ќе гледаат како се приготвува ѓомлезе

На странските посетители на Охрид, како нова туристичка содржина ќе им се понуди процесот на подготвка на далеку прочуениот специјалитет ѓомлезе, карактеристичен охридскиот крај.

 |  Валентина Нелоска  | 
Nikola Manevski
Никола Маневски
На странските посетители на Охрид, како нова туристичка содржина ќе им се понуди процесот на подготвка на далеку прочуениот специјалитет ѓомлезе, карактеристичен охридскиот крај.

Nikola ManevskiЗа учество на Манифестацијата „Ѓомлезијада“ и подготовка на овој гастрономски специјалитет досега се пријавени 10 –тина производители. Интерес да го следат подготувањето има од странски дипломати и туристи кои престојуваат во Охрид објаснува Ѓоко Апостолов од одделението на ЛЕР.

„Ѓомлезијадата“ се организира од страна на Локалната самоуправа и  одделението за локален економски развој. Неопходните состојки за приготвување на овој специјалитет се обезбедени од општина Охрид и големиот број спонзори. Велестово ќе биде местото каде што ќе се подготовува ѓомлезето, а изборот на локацијата не е случајна вели Томе Џамтоски од  локалната самоуправа. Велестово од ден на ден станува атрактивно место за живеење, а локалната самоуправа со реновирање на Културниот дом, Поетската манифестација сака да го издигне како посебно место со нова форма на културна понуда додава Џамтоски.

На крај од манифестацијата стручно жири ќе го дегустира квалитетот на подготвеното ѓомлезе. Ќе бидат доделени  три награди во висина од 10.000, 6000 и 4000 денари. Ѓомлезијадата ќе биде пропратена со богата културно уметничка содржина.

 

{loadposition content9}