Skip to main content

Директорката на АППТ им ги раскажа убавините на Охрид на полските туристи

Полските туристи изминативе години се се побројни во нашата земја и на охридската ривиера.
 |  инфодеск  | 

Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска на средба со полски туристи им ги раскажа убавините на македонскиот бисер Охрид.

-Тие воодушевени што одблиску имаа можност да дознаат со какво природно и културно наследство располага градот , не криејќи го своето задоволство кажаа дека престојот во Охрид ги надминал нивните очекувања, велат од АППТ

Старото градско јадро ,охридското езеро ,културно историските споменици ,архитектурата ,нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна и разновидноста на туристичка понуда е она што ги привлекува посетителите.

Полските туристи изминативе години се се побројни во нашата земја и на охридската ривиера.