Директорот на Општа болница со демант на изнесените обвинувања на пресот на СДСМ
Тој рече дека нема да дозволат Општата болница да се става во ситуација да некој преку лаги, добива политички поени, и дека тоа не е коректно кон граѓаните.
Директорот на Општа болница со демант на изнесените обвинувања на пресот на СДСМ. Според Арнаудов, пресот на СДСМ е политички инструиран и дека граѓаните знаат дека ситуацијата во болницата не е таква каква што било изнесено на нивната прес конференција.
“Сето тоа е лага, господинот кој го даде пресот сакам да го прашам кога последен пат дојде во болницата и да види каква е ситуацијата, и не е убаво да се слушаат низ градот мислења па од тоа да се носат заклучоци кои не се издржани јас можам најодговорно да кажам дека максимално водам грижа за развојот и одржувањето на Општата болница Охрид. Имаме режим на греење во болницата, наутро се грее од пет часот до девет и после пладне од 16 или 17 часот до 22 часот и тоа се зависи од климатските услови. Моментално сами гледате какво е времето сега, дали е домаќински сега да грее парното.”-вели д-р Арнаудов.