Skip to main content

Дисеминациска сесија

Дисеминација за членови на Собранието на Црвен крст Охрид

Дисеминациската сесија ја одржаа Весна Терзиоска, потпретседател на Црвен крст Охрид и Љупчо Милкоски, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.
 |  инфодеск  | 
Црвен крст Охрид

На 21.12.2022, во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа дисеминациска сесија за членовите на Собранието на Црвен крст Охрид.

Во текот на сесијата, учесниците се запознаа со историјата и со основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за улогата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за активностите на националните друштва, за дејствувањето на Црвен крст Охрид итн – информираат од Црвен крст Охрид.

Црвен крст Охрид

Дисеминациската сесија ја одржаа Весна Терзиоска, потпретседател на Црвен крст Охрид и Љупчо Милкоски, долгогодишен волонтер на Црвен крст Охрид.