Skip to main content

Совет на Општина Охрид

Дискусија во советот за резултатите на јавните претпријатија во третиот квартал

Јавните претпријатија  во фокусот на денешната 35 та седница на Советот на Општина Охрид. Иако на дневен ред  беше нацрт буџетот  за следната година  место предлози за  програмите, се разви  богата  дискусија за тоа дали прикажаната добивка на ЈП „Водовод“ во третиот квартал е реална. 
 |  Маја Савиќ  | 

ЈП „Водовод “ третиот квартал од годинава го заврши со добивка од над 15 милиони денари, додека  пак Градски гробишта и Градски пазар со загуба.

Извештаите генерално покажуваат дека јавните претпријатија не можат да функционираат без помош односно субвенциите од локалната самоуправа, а некои не остваруваат доволно приходи од дејноста за која се основани, упати критика на денешната седница опозицијата во градскиот совет.

zivka_angeloska

Ако направиме анализа на извештаите тогаш ќе увидиме дека ЈП „Билјанини извори“ се претвори во инкасатор бидејќи  3 мил денари приходи остварува од основната дејностм а тоа се спортските објекти , додека високи 24 милиони денари се од стопанисување со паркинг простор и сидриштето.  Слична е и состојбата во ЈП „Градски пазар“ кај кое помалку од половина од приходите се од закуп на тезги, а останатите од субвенции од општината и издавање локации за реквизити и куќички кои го „красат“ градот на лето, кажа координаторката на советничката група на СДСМ , Живка Ангелоска. 

„ Се поставува прашањето дали ќе можат овие претпријатија да опстојуваат без помош од општината, бидејќи не секогаш општината ќе може да ги субвенционира ЈП и сметам дека долгорочно за одредени Јп ќе треба да се преземат мерки за да може да одговорат на задачите кои им се поставени. “ – рече Ангелоска.

Советничката  од СДСМ и коалицијата, Милена  Грозданоска се задржа на анализа на позитивниот резултат на ЈП „Вододвод“ и колку е тој реален.  Зголемени  се приходите од наплата што се должи на покачувањето на цената на водата, добар дел се субвенциите од локалната во износ од 7,5 мил денари, а  на страна на трошоци најголемо намалување имаме кај сметките за електрична енергија што се должи на снабдување со струја на регулиран пазар, кажа Грозданоска.  Се осврна на прикажувањето на отписот на обврските и ненаплатените побарувања и нивното влијание врз прикажаниот резултат.

milena_grozdanoska

„Во моментов ова ЈП ги евидентирало отписот на обврските со што се зголемиле приходите, но во делот останати трошоци каде треба да ги евидентира отписот на ненаплатени побарувањата има состојба нула. Вие сте се потрудиле да направите анализа односно да извадите податок колку имате отпис на обврски и сте ги наведиле во приходи со што сте ги зголемиле, меѓутоа свесно или несвесно не сте го направиле истото со ненаплатените побарувања кои се постари од три години и ризични побарувања. Што можам да заклучам дека тоа не ви одговара бидејќи би довело до зголемување на трошоците и добивката би била помала од прикажаната од 15 милиони. “ – кажа Грозданоска.

Советничката побара информација дали  ЈП „Водовод“ презема нешто во врска со загубата на вода што е огромен трошок за претпријатието.

marjan_risteski_vodovod

Водовод прв пат во историјата покажува ваков резултат и тоа е факт. Точно е дека општината помага со субвенциите со одлуки на Совет, но и без нив ЈП во овој квартал ќе покажеше добивка.  Точно е и тоа дека трошоците за струја се намалени но доколку се споредува треба да се види каков бил резулатот од работењето на претпријатието пред енергетската криза кога со помала цена на стријата работеше со загуба, кажа Марјан Ристески – Директор на ЈП „Водовод“.

„Побарувањата кои ги споменувате и тоа што не е отпишано се работи за приходи или побарувања кои биле останати 15 години наназад  и  кои  ние низ еден процес полека ги чистиме. Во делот на загубата на вода да тоа е процес кој не е решлив во еден квартал или една година, тоа е 30 годишен проблем, и не со голема динамика но од година во година се намалува загубата и не е точно дека не сме мрднале со прст. Се работи на неколку проекти, но треба време за нивна реализација.“ – кажа Ристески.

На прашање од советникот Бојан Михајловски, до каде е постапката  за набавката на броила за детектирање на загубите на вода, Ристески информира дека проектот е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање и се чека на одобрување.

Никој од нас не очекува дека загубата ќе ја снема преку ноќ, кажа Ристески и додаде дека последниот финансисики извештај на претпријатието е мотив и понатаму да се трудат да остваруваат позитивни резултати од работењето.