Skip to main content

Нова постојка за туристичките автобуси

Дислоцирана постојката за туристички автобуси кај УИНТ „Св. Апостол Павле“

Новата постојка кај студентскиот дом „Никола Карев“ превозниците да ја користат исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање.
 |  инфодеск  | 
Општина маркица

Oд локалната самоуправа ги известуваат сите Тур – оператори и туристички водичи од Охрид дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии  „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“.

Од Општина Охрид, упатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси.