Skip to main content

Диви кози повторно на Галичица, по големиот пожар

Дивите кози се регистрирани со видео мониторинг во делови од паркот, каде е забрането секакво присуството и активност на луѓето.
 |  инфодеск  | 
BMC CAMERA

АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service споделиja со јавноста убавата вест, дека и покрај сериозните последици по големиот пожар кој ја зафати Галичица во август годинава, сепак популацијата на балканска дивокоза (Rupicapra rupicapra Balcanica) е сеуште тука и тврдокорно се држи до своето автохтоно живеалиште.

Волонтерите на АК Патагонија и Ohrid red cross – Mountain Rescue Service , во координација со National Park Galicica веќе година и пол вршат постојан видео мониторинг во делови од паркот, каде е забрането секакво присуството и активност на луѓето. Идејата е да се постават камери на најоддалечените и тешко пристапни терени, со цел мониторинг на ретките видови, но и на евентуалните недозволени активности на луѓето во зоните со строга заштита.

-Се радуваме на нејзината упорност и во иднина ќе посветиме уште поголемо внимание и мерки за нејзино зачувување, особено од несовесните луѓе, кои очигледно претставуваат поголема закана за живиот свет во однос на природните катастрофи, кои се почесто не погодуваат поради климатските промени, велат од АК Патагонија.

Посочуваат дека додека волонтерите ги контролирале камерите и собраниот фото и видео материјал, на просторот кој е карактеристичен за балканската дивокоза, биле забележани три лица.

– Очигледно станува збор за ловокрадци, судејќи според оружјето кое го носеа, како и од неколкуте испукани истрели од огнено оружје, велат од АК Патагонија.

За случајот, ги известиле одговорните од ренџерската служба на НП Галичица и пријавиле во полиција.