Skip to main content

Дивоградбите во Охрид сè уште чекаат уривање

Нелегалните градби во Охридскиот регион се уште чекаат уривање. Општината има пари, но велат нема фирма која би псотапила. Единствениот објект кој засега е срушен е една бетонска база.
 |  инфодеск  | 

Нелегалните градби впишани во Регистарот на дивоградби во Охрид се уште чекаат отстранување. Единствениот објект кој е срушен засега е една бетонската база. Наместо да се намалува, бројот на дивоградби расте, а тоа го стимулира Законот за легализација.

Општината има буџет за уривање на дивоизградени објекти, како една од клучните препораки на Унеско, но нема фирма која би постапила.

„Ние ги завршуваме постапките во одделнието за инспекциски надзор ги поднесуваме соодветните кривични пријави правиме решенија за орстранување и застануваме тука, затоа што имаме проблем со избор на фирма која што би постапувала кон уривање на дивоизградени обејкти.“ – вели Александар Китески секретар на општина Охрид.

Најголем дел од дивоградбите се во руралните средини, но ги има и во заштитениот појас и во НП Галичица. За да се спречат нови општината носи општи акти за 20 тина села.

„ Обично дивоградби имаме во предели каде што нема важечки урбанистички план, онаму каде граѓаните имаат потреба но не можат да спроведат постапка за одобрение за градење. Тоа е ретко во централното градско подрачје, претежно по селата.“ -вели Китески.

Одделението за инспекциски надзор при општина Охрид од 2006 година до денес евидентирал вкупно 869 нелегални градби, кои чекаат легализација.

Заклучно со 2018 година поднесени се 16587 барања за легализација, од нив 7403 се легализирани, а одбиени се 4838 предмети.

Новинар Соња Рилковска