Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот од денеска со рекордна цена

Дизелот поскапе за 2,5 денари, а цената на бензините останува иста, информираа од Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Горива

Од денеска, малопродажната цена на дизелот се зголеми за 2,5 денари и изнесува 104,5 денари за литар, што е рекордна цена.

Цените на бензините, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од среда, останаа непроменети, односно Еуросупер 98 се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.

Иста остана и цената на мазутот, односно 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголеми за 3 денари и изнесува 102,5 денари по литар.