Државниот инспекторат за животна средина со укажување до единиците на Локална самоуправа.
Надлежноста за спроведување на Законот за јавна чистота ја имаат локалните самоуправи, односно инспекциски надзор по овој закон вршат комуналните инспектори и редари од општините и за се што претставува смет на јавни површини, улици, паркови контејнери, по водотеци, реки, покрај јавни патишта, покрај магистрални патишта, планини.
Во периодот пред летната сезона, со зголемени температури и висок ризик за опожарување на нестандардните депонии за комунален отпад со кои управуваат Јавните Комунални Претпријатија и воопшто палење отпад на јавни површини, Државниот инспекторат за животна средина им укажува на општините дека целосна надлежност да постапуваат имаат општинските инспектори за животна средина.