Џамбазовски: Очекуваме Македонија да се најде во каталозите на мрежата на „Томас Кук Груп“
Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Томас Кук Груп“ ги посетија туристичките капацитети во земјава. Тие направија сериозна анализа на оние капацитети, кои за нив претставуваат интерес. Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, доколку влезе мрешата на најстариот светски тур оператор би можеле да очекуваме зголемен број на туристи, прилив на девизи и раздвижување на целата економија во РМакедонија.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот очекува позитивен исход од посетата на претставниците на најголемиот и најстар тур-оператор „Томас Кук Груп“, на она што може да го понуди нашата земја од областа на туризмот. Проектите на Владата на РМ во туризмот даваат резултати, вели директорот на агенцијата Христијан Џамбазоски. Пример за тоа е интересот на претставниците на „Томас Кук Груп“ од Англија. Тој нагласи дека континуирано работат на отварање нови туристички пазари, како и тоа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на странски тур оператори, преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата.
„Владата на РМ во последно време има фокус врз развојот на туризмот во РМ и ние подолг период вршиме презентации во различни држави. Една од нив во Англија на саемот за туризам каде беше извршена презентација пред преставн иците на „Томас Кук“. По подолг период комуникација со Томас Кук на иницијатива на Владата на РМ. Агенција за туризам а во соработка ос ТАВ аеродромите, дојде до реализација на едно студиско патување т.е. проверка на капацитетите во РМ како би се нашла во каталозите на мрежата на Томас Кук во различни држави нашата земја бисе издигнала на повисоко ниво како туристичка дестинација“ – вели Џамбазовски.
Групата на „Томас Кук“ ја сочинувше делегација од повеќе држави не само од Англија, туку и од Холандија, Белгија и Германија, односно директорите од мрежите на Томас Кук од тие држави. Џамбазоски кажа дека гостите си заминале со добри впечатоци од кои може да се очекува позитивен исход но од нивните партнери од Томас Кук, чекаат дополнително да ги информираат.
„Конечна одлука можеме да очекуваме во наредниов период од десеттина дена, со тоа што беа во проверка на материјално техничката база и туристичката инфраструктура во РМ ако нивната оченка е задоволителна реално е да очекуваме и присуство на Томас Кук од следната година“ – изјави Џамбазоски.
Томас Кук е тур оператор со огромно значење за развој на агенциското работење и воопшто на туризмот како феномен, велат од агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Според нив, тоа би можело да значи зголемен број на туристи, зголемен прилив на девизи и раздвижување на целата економија во РМакедонија.
{loadposition content9}