Skip to main content

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Денес градоначалникот на Охрид обелодени дека Дневниот Центар „Зраци“, доби грант од Австралиската амбасада во висина од 7 500 австралиски долари. Зоран Костојчиноски, дефектолог во Центарот, рече дека благодарение на поддршката од Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, Центарот е во вистинска насока за одржување на континуитет во работата.

 |  Николоска Биљана  | 
zraci
зраци

zraciГрант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата.

„Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои егзистираат во овој центар, ќе бидат организирани анимирачки активности, организација на ручек, изработка на цртежи или скулптури а секако во рамките на овие активности од овој гранд значи ќе бидат предвидени и промотивни активности да се подигне свеста на грѓаните односно заедницата за потребата од поддршката на Центарот „Зраци“ – вели Бакрачески.

Дневниот центар, полека но сигурно се стабилизира. Тоа пред се се должи на залагањата на градоначалникот Бакрачески кој сериозно се нафати да ги решава проблемите со кои години наназад се соочуваше овој центар, истакна дефектологот Зоран Костојчиноски.

zraci„Со самото тоа што се обезбедиле средства за продолжување на континуитетот на овој Дневен Центар тешкотиите се завршени. Мене ми падна честа од името на здружението да се заблагодарам и на градоначалникот и на Локалната самоуправа за сите напори што ги прават за продолжување на работата на овој центар и не се сомневам дека и во иднина ќе биде така“ – изјави Костојчиновски.

И родителите на лицата корисници на услугите од дневниот Центар „Зраци“, задоволни од напредокот на Центарот. Велат дека Центарот е од непроценливо значење, како за децата така и за родителите, бидејќи тука денот им е осмислен, се наоѓаат во средина каде можат децата да се дружат, а родителите да одат на работа.

„Ние секогаш сме задоволни уште од првиот момент кога почна проектот преку ФАРЕ и со оваа екипа мислиме на две ангажирани лица кои се стручно оспособени, дефектолог и социјален работник сме презадоволни а секако најголемо мерило е колку самите деца нив ги сакаат“ – вели Топенчарова.

Сепак  Топенчарова смета дека треба државата да ги стави  ваквите центри под своја закрила но и повеќе да се заложи за подобрување на животот на лицата со интелектуална попреченост.  Според неа, 4000 денари средства за нега за трето лице, не се доволни. Исто така родтелите на лицата со попреченост имаат забелешки дека иако зравствената заштита им е бесплатна се случувало да плаќаат партиципација за прегледи, и лабораториски анализи. Тоа е голем товар за семејниот буџет ако се знае дека со тек на време имунитетот на децата со интелектуална попреченост опаѓа.

{loadposition content9}