Дневно по околу 1000 лица ќе се вакцинираат во салата „Билјанини извори“
Медицински тимови од сите болници и здравствени домови, кои имаат помал број на ковид пациенти ќе ротираат во процесот на вакцинација. Започна преадаптација на просторот и салата се очекува за два дена да биде подготвена за старт на имунизацијата.
Спортската сала во Охрид се подготвува за регионален вакцинален центар. Жителите од Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Дебар, Дебарца и Ресен ќе се вакцинираат во салата „Билјанини извори“. Здравствените установи од целиот регион се подготвуваат со медицински персонал за вакцинација. Медицински тимови од сите болници и здравствени домови, кои имаат помал број на ковид пациенти ќе ротираат во процесот на вакцинација.
Дневно се претпоставува дека ќе може да се вакцинираат околу 1000 лица.
„ Ќе треба да има во една смена околу 26 до 28 медицински лица кои ќе бидат пприсутни во сортската сала по 12 часа. Лекари со искуство со вакцини, испланирано е сите несакани аспекти соби за натишок терапии и нормално охридската болница ќе биде подготвена и ќе го сппроведеме овој процес пбез никаков проблем“, вели д-р Горан Балевски директор на охридската болница.
Во салата откажани се спортските натпревари и тренинзи, се прави преадаптација, спортските реквизити се отстранети, се поставуваат паравани.
„Во овој момент се редат параваните, столовите, клупите каде ќе седат информатичари за да може да се врши конторлираат граѓаните по системот на Мој термин За рок од два дена спортската сала ќе биде подготвена за старт на процесот на вакцинација“ , вели Гордана Јованоска директор на Спортска сала „Билјанини извори“.
Вакцнаните пунктови ги донира компанија од Битола.
„Претпоставуваме дека донацијата во крајна фаза ќе биде околу 300 000 денари за овозможување на вакциналниот пункт“ , вели Христо Кондовски директор СН АД Брокет Битола.
Подготовките во спортската сала „Билјанини извори“ ќе завршат за два денови, процесот на масовна имунизација во регионот се очекува да започне кога ќе приститнат поголемите количини на вакцини најавени за крајот на овој месец.