Skip to main content

УХМР

До 26 степени во Охрид, попладне можност за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи

Денес минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 26 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Денес минималните температури во Охрид од 11, а максималните до 26 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека до четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.