Skip to main content

Министерство за внатрешни работи

До февруари 2024 регистарските таблички мора да имаат ознака NMK

Останува уште една година од задолжителниот рок регистарските таблички МК на возилата да се заменат со кратенката НМК.
 |  инфодеск  | 
Регистарски таблички

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12-ти февруари 2024 мора да извршат промена на регистарските таблички од ознаката “МК“, со ознаката “NMK“.

Имено, согласно Законот за возила и Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15-ти јануари 2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12-ти февруари 2024 година.