Од 1-ви септември ќе продолжат градежните работи на затворениот пливачки базен во Охрид и се очекува да биде готов до април идната година, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.
Базенот започна да се гради во ноември 2015-та година и требаше да биде завршен до почетокот на 2018-та година, но рокот на двапати беше продолжуван.
Последниве 6 до 8 месеци имаме проблем со инвеститорот. Беше во притвор главниот човек и излезе пред неколку дена по што имавме состанок и ги презеде обврските. Го сменивме надзорот во меѓувреме бидејќи претходната фирма која го вршеше надзорот се повлече. Се надевам дека од 1-ви септември почнуваме интензивно и добив гаранција дека до март-април идната година базенот ќе биде завршен. Базенот кој започна да се гради во 2015 година, до моментов е изграден 70%. Изградени се просториите во горниот дел, трибините, челичната и бетонската конструкција, поставена е електричната инсталација. Треба да се монтира коритото и некои финеси – изјави Наумче Мојсоски, директор на Агенцијата за млади и спорт која е инвеститор на овој капитален проект.