Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови на државава ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. По свежото утро максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени.
Во сабота попладне ќе има услови за локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.