УХМР
До среда ќе потрае нестабилно време со услови за дожд
Во Охрид денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за дожд.
Во најголем дел од земјава ќе преовладува променливо време со услови за нестабилност и дожд.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.
Во Охрид денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за дожд. По утринската температура од 6 степени максималната дневна ќе се искачи до 16тиот степен.
До средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.