Skip to main content

Хотелиерите и угостителите задоволни

Добар туристички старт

Хотелиерите и угостителите на брегот на Охридското Езеро задоволни од стартот на летната сезона. После две тешки години на пандемија, рестрикции и ограничувања се раздвижи туристичкиот пазар.
 |  инфодеск  | 
туристички Охрид

Двата туристички центри на охридското крајбрежје бележат целосна исполнетост со голем број гости од соседството и странство. Најбројни се Холанѓаните, Полјаците, Турците и Србите.

„До пред месец и пол не знаевме каде ќе се движи, но најверојатно се ослободија малку од војната и соседите и странските туристички оператори и резервациите почнаа да идат наеднаш така да добиваме полн капацитет на резервации.“ , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Агенцијата за туризам очекува 400 милиони долари приходи од туризмот оваа година.

„Не се случајни овие успеси и враќање на старите туристички патеки од 2017, 2018, а многу брзо и 2019 година. Се надевам дека до 2025 година заеднички ќе можеме да зборуваме веќе за 700 милиони долари девизен прилив и нешто повеќе од 4 милиони ноќевања во Македонија како туристичка дестинација“, вели Ључо Јаневски директор на АППТ.

Очекувањата на туристичкиот сектор се следната, 2023 година да се достигне и надмине рекордот на туристи од 2019 година, кој изнесуваше околу 1 190 000.


Новинар Соња Рилковска