Skip to main content

Добило или не субвенции ЈП „Градски гробишта“?

СДСМ обвинува дека јавното претпријатие „Градски гробишта“ работи позитивно единствено поради тоа што во изминатата година примило субвенции од Локалната самоуправа.  Локалната со одговор дека по тој основ на сметката на „Градски гробишта“ не легнал ниту денар.

 |  Мишел Наумоски  | 
grobishta
гробишта

СДСМ со обвинувања до јавното претпријатие „Градски гробишта“ дека прикажува нереална слика од своето работење. Според СДСМ, претпријатието работи позитивно единствено поради тоа што истото остварило приходи од субвенции во износ од 3. 614. 978 денари во текот на изминатата година.

JP Gradski grobishta„Зошто не убедуваат дека ние сме дале невистинити податоци не знам, кога е тоа извештај кој ни го приложи нас, како советници, раководството на јавното претпријатие, на кој јасно можете да видите, тука стои, субвенции во толкав износ. Да не беа тие субвенции она шо ние го наведовме во нашата информација е дека едноставно, благодарение на тие субвенции успеало јавното претпријатие да прикаже една нереална добивка од работењето, додека ако ги немаше тие субвенции, едноставно и тоа јавно претпријатие ќе работеше во загуба.“-вели Јован Стојаноски од општинската организација на СДСМ.

Од локалната самоуправа, велат дека тврдењата на СДСМ се нов обид за манипулација со јавноста. Тие додаваат дека поранешната Локална власт доделила субвенции во текот на 2012 година и дека по овој основ на сметката на претпријатието не е легнат ниту еден денар, туку целиот износ кој бил осмислен и доделен како субвенција бил затворен со потпишување цесии со трети фирми, со што Локалната не исплатила ни денар во готовина на сметката на претпријатието.

Според нив, тврдењата на СДСМ се неуспешен обид да се сврти вниманието на јавноста од десетината истраги кои полицијата ги води во ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ за директорите назначени токму од коалицијата на СДСМ и за кои веќе се поднесени кривични пријави за огромни финансиски штети кои се направени на претпријатието.

{loadposition content9}