Skip to main content

Добра понуда за празникот Св Трифун

Наближува 14 февруари, ден кој обединува два празници Св Трифун и Св Валентајн. Охридските хотелско угостителски објекти во пресрет на овие празници направија одлични понуди на храна и вино, користење на спа центар со масажа со намалени, поволни и достапни цени за сите.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Двата празника Св. Трифун и Св. Валентин се одлична можност да ги изразите вашите чувства и љубовни изјави. Имајќи го во предвид верувањето дека со овој ден се буди природата и љубовта, празнувањето на овој ден го олеснуваат дел од охридските хотелско – угостителски капацитети, со своите понуди. Маријан Трпески менаџер за продажа во „Сити Палас“ вели дека нивниот хотел ги спуштил цените на дел од услугите кои ги нуди овој хотелски капацитет.

„Имаме ресторанска понуда во која е вклучена салата јадење, десерт и вино Тиквеш. Додека во делот со спа центарот имаме понуда на користење на дво часовни третмани едниот е од 900 денари, користење на сауна, финска бања, џакузи, има и уште еден третман во кој е вклучена и масажата за двете особи

Трпески вели дека луѓето денес лесно го препознаваат квалитетот на услугите, а посебно кога има и некоја добра понуда. Тие очекуваат дека на 14 февруари нивниот хотелски капацитет ќе биде максимално исполнет.

„Засега побарувањата се доста чести и мислиме дека ќе имаме 100% исполнување. Сити Палас сместувачкиот капацитет е максимум до 50 особи, додека пак ресторанскиот дел е за 160. спа центарот функционира индивидуално, може по парови и сл“.

Добра понуда за празникот Св Трифун и Св Валентајн има и во двата хотелски капацитети на Тино. Таму за две особи понудата е 1000 денари. Таа вклучува ручек или вечера, неограничена количина на вино, а исто така во цената е вклучено и користење на спа центарот и затворениот базен.
Инаку, празникот Св Трифун е ден на лозарите. Тие приредуваат ручек и ги повикуваат и случајните минувачи бидејќи се смета дека на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа и бериќетна година.