Skip to main content

Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за продолжена сезонa

Како до продолжена туристичката сезона во Охрид. Потребна е добра стратегија, бидејќи балканскиот регион има многу капацитет за сериозен развој на туризмот, но за тоа пак неопходен е системски пристап, сметаат туристичките работници.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Добро подготвена стратегија за развој на туризмот, сигурен рецепт за успешна но и продолжена сезона. Тоа го говорат искуствата од земјите во регионот, а го потврдуваат и со факти. Најдобар е примерот со Република Хрватска која само оваа сезона од туризмот инкасирала 9 милијарди евра. Зденка Месиќ од министерството за трговија од Хрватска која неодамна беше во работна посета на Охрид вели дека тоа се постигнува само со вклучување на сите чинители во туризмот како на локалните, така и на регионалните и националните институции, но и со воочување на најбитните проблеми кои треба да се решат, со цел гостите да бидат задоволни и да дојдат во што поголем број.

„Она што ние многу добро го развиваме е развој на туризам во внатрешноста кој го прилагодивме на годишни времиња и даваме големо внимание на настаните во есен, било во руралните делови или во локалните единици кои понатаму гопроширувма на регионални и меѓународни манифестации или конференции“.

Аница Палацо од ГИЗ има речиси идентичен став со претставничката од хрватското министерство за трговија. Таа смета дека Охрид успева да ја продолжи летната сезона, која почнува од април и трае до крајот на октомври, но потребно е и дополнителна понуда која што нема да е врзана со онаа кратка сезона која што ја имаме во јули и август.

„Ме радува тоа што во последниве неколку години се забележува тренд на зголемување на бројот на туристи кои се од сегментот на авантуристички туризм тука мислам дека и Охрид и регионов ја зголемува понудата, забележуваме дека има се повеќе понуда во насока на привлекување на туристи од планинскиот туризам“

Балканот е атрактивна туристичка дестинација, а последниве години заеднички се настапува на светскиот туристички пазар. Најактуелниот производ се Балканските тури, каде спаѓаат Охрид и Скопје. Балканскиот регион има многу капацитет за сериозен развој на туризмот, но за тоа пак неопходен е системски пристап, сметаат претставниците од нашиот северен сосед Србија.