Skip to main content

Екологија

Добро за природата, добро за луѓето

МЕД заедно со Општина Ресен, трета година во Парк на Природата „Езерани“ спроведува механизам за одржливо користење на ливадите преку косење.
 |  Голабовски Крсте  | 
Сено Езерани

Македонското еколошко друштво заедно со Општина Ресен, трета година по ред во Парк на Природата „Езерани“ спроведува механизам за одржливо користење на ливадите преку косење.

Оваа година околу 800 бали сено беа донирани на Јавната Установа Национален Парк Галичица, за зимска прихрана на елените во репродуктивниот центар.Со оглед на порастот на популацијата на елени и потребата од поголеми количини на храна, оваа донација е повеќе од добредојдена.

Со косењето на ливадите, се забавува процесот на сукцесивни промени во овие типови живеалишта, се одржува флористичкиот диверзитет, се отстранува дел од биомасата, што е позитивен параметар кон намалување на внесот на мртва органска материја во eзерото, се стимулираат и промовираат ливадите како ресурс за сточарите, а со тоа се стимулира и традиционалното сточарство.

Сено Езерани

ЈУНП Галичица јавно им се заблагодарува на МЕД и Општина Ресен за донираната храна за елени, со желба и подготвеност за продолжување на соработката, со цел остварување на една и единствена заедничка цел, заштита на природата.