Skip to main content

Национален парк Галичица

Доброволен придонес преку Граѓанска наука

Националниот парк Галичица започнува со својата најнова интерактивна програма Граѓанска наука. Заинтересираните граѓани кои често ја посетуваат Галичица, од овој месец ќе имаат можност доброволно да се вклучат и да придонесат во збогатување на податоците, да помагаат во спроведување на научни истражувања за што претходно ќе добијат обуки и насоки од вработените во паркот.
 |  инфодеск  | 
Граѓанска наука

„Граѓанска наука“ е најнова активност во организација на Националниот Парк Галичица. Вљубеници во природата, луѓе кои често ја посетуваат Галичица, уживаат во нејзините убавини, во наредниот период ќе имаат можност доброволно да се вклучат и да придонесат за збогатување на податоците и да помагаат во спроведување на научни истражувања  при Националниот парк.

„Секој кој што ќе биде вклучен во оваа активност, негова задача ќе биде додека ужива во природата која ни ја нуди Галичица, да фотографира да сними одреден растителен или животински вид кој што ќе биде зададен од вработените на паркот, да достави фотографија и картка снимка.“, вели Ангела Тасеска од НП Галичица.

Граѓанска култура

Граѓанската наука веќе започна месецов, a заинтересираните граѓани може да се пријават на официјалниот меил на установата. Пријавените кандидати ќе бидат интервјуирани преку низа прашалници, а потоа низ селекција ќе биде издвоен одреден број  волонтери кои ефективно ќе се приклучат кон иницијативата.

Кон оваа иницијатива може секој да се приклучи кој што сака да придонесе кон работата на паркот, не е потребно никакво претходо искуство,  затоа и ќе следат низа обуки каде што ќе ги запонаеме всушност волонтерите со каква активност ќе се занимаваат. Потоа ќе следат и теренски активности  каде што ќе бидат обучени за  тоа кои растителни и животински видови треба да ги евидентираат.“, потенцира Тасеска.

Активностите се преземаат во рамки на проектот Натура 2000, што ќе допринесат до полесно забележување на сите промени во однос на растителниот и животинскиот свет на Галичица, а со тоа и до подобро управување со паркот.Вработените во паркот  нудат позитивната енергија и дружба и ги покануваат  сите заинтересирани да се пријават.