Додека двајца се караат третиот трпи
„Додека двајца се караат третиот трпи“. Спор за наплата на побарување помеѓу АССДП и АДГ Трудбеник се решава на грбот на 5 охридски семејства. Без малку вака наликува проблемот на станарите на ул Карпош Војвода, кои три месеци се борат да си ги задржат своите станови уредно купени од АДГ Трудбеник и платени.
Пет стана на охриѓани на ул „Карпош Војвода“ заглавени во имотно правен спор кој се води помеѓу АССДП од интерес на РМ и АДГ Трудбеник. Како што кажаа засегнатите станари неколку месеци наназад живеат под закана за присилно иселување на како што велат, еден крајно некоректен и дрзок начин од страна на извршителот Душан Филиповиќ. Тие тврдат дека становите се нивна приватна сопственост и целосно се откупени од Трудбеник за што ја имаат потребната документација. Тие порачаа двете страни да си го решат спорот без непотребно да ги инволвираат фамилиите од 5 те спорни станови.
„Проблемот тргна од самиот извршител кој што отишол во катастар и побарал да види кој станови се сеуште на име на Трудбеник и си одбрал некој од нив како што самиот кажа, оние кои смета дека најлесно може да ги продаде, меѓутоа ние се консултиравме со правник кој ни кажа дека извршителот не смее да избира било кој станови без да провери дали тие имаат товар врз себе. А тоа значело дека тие се веќе продадени и дека луѓето веќе имаат потпишано договори за домување само што не отишле да го земат имотниот лист“.
„Сега извршителот Душан Филиповиќ во текот на вчерашниот ден ни го оби станот и ставил други клучеви и покрај што има судско решение забрана за преземање на дејствија и мерки против нас и не малтретираат веќе 3 месеци“.
„Не може да се врши наплата на некој должник преку нас, што сме ние должни некои туѓи долгови да исплаќаме кога се работи за наша сопственост, нека си ги решава тие државата си има свои механизми, инструменти за присилна наплата.“
Спорот помеѓу Трудбеник и АССДП постои и сеуште трае, признава сопственикот на АДГ Трудбеник Ацо Спироски. Toj изјави дека стои на страната на станарите со сета поддршка како одговорна фирма. Спироски смета дека извршителот погрешно ја води постапката.
„Значи овде грешката на станарите е заради една околност, што тие, кога ние му ја дадовме сопственоста преку нотар, со сите плаќања према државата, данок и ДДВ тие едноставно не ги ставиле становите во имотен лист. Извршителот направил грешка во чекори со тоа што на основа на судска пресуда по нивна приватна тужба на која имаше и од наша страна признание се доби времена мерка тој е должен по закон на основа на оваа пресуда да донесе заклучок со кој ќе го стопира извршувањето“– вели Спироски.
Директорот на АССДП Цветко Грозданов во телефонски разговор истакна дека долги години како претпријате се соочувале со ненаплатени побарувања. Досега на ниво на земјава поднеле 800 тужби по тој основ, а меѓу нив била и тужбата кон АДГ Трудбеник. Според Грозданов со претставници на Трудбеник стапиле во контакт околу проблемот и изминатите 10 месеци долгот кој изнесува околу 7 милиони денари без камата не бил наплатен па поради тоа ангажирале извршител. Грозданов категоричен дека интересот на Агенцијата е да го наплати долгот дали во пари или во станови, а не бил запознат каков имот ќе попишува извршителот.
{loadposition content9}