Доделени дипломите на матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“
Традицијата на свечено и организирано доделување на дипломите на завршените средношколци од Охрид и годинава се одржа на Антички театар.
Матурантите од ОСУ „Св Климент Охридски“ пред охриѓани синоќа на Антички театар се претставија во најдобро издание и покажаа дека се подготвени да продолжат со предизвиците кои им ги носи животот. Тие најавија дека своето образование ќе го продолжат на некоја од високообразовните институции и изразија надеж дека со идниот ангажман во општественото живеење ќе бидат носителите на идниот развој на локалната заедница и државата.
Родени сте да успеете, вака во името на општина Охрид на завршените средношколци и на останатите присутни на Антички театар им се обрати Ангел Јанев заменик градоначалник.
„Почитувани матуранти посакувам овде на ова место после 4-5 години да се собереме каде и да сте да се пофалите а ние со вас да се гордееме. Тогаш вие ќе го правите патот по кој другите ќе чекорат е тоа е успех, уште еднаш градот Охрид и сите ние сме среќни што ве имаме Ви посакувам убав и храбар избор на соодветните факултети одлични резултати и прекрасен студенски живот“ – изјави Јанев.
Не заборавајте дека сте биле дел од нашиот образовен систем. Ви посакувам да станете успешни луѓе, на кој сите ние ќе бидеме горди, истакна Вера Јовческа директорката на гимназијата „Св Климент Охридски“. Таа додаде дека охридската гимназија и годинава на Антички театар направи обид да остави белег, сеќавање на средношколскиот живот на своите ученици, со надеж дека ќе се успее во таа намера.
„Образованието е важен дел од животот на секој човек и игра голема улога по неговото формирање како индивидуа. Вие го започнавте вашето осумгодишно образование како деца а еве сега заминувате како возрасни луѓе подготвени да го прифатите предизвикот пред кој сте исправени, а тоа е вашата иднина. Со досегашното образование вие ја добивте основата да продолжите понатаму следејќи го понатаму својот избор“ – се обрати директорката Јовческа.
Пред дипломците, нивните родители, професорите и пријателите, со прекрасни музички изведби од најдобрите вокали на генерацијата – матуранти, настапот на ансамблот „Билјана јуниор“, како и традиционалното фрлање на капите на матурантите, беше заокружено четиригодишното дружење на овие средношколци, идни студенти.
{loadposition content9}