Skip to main content

Доделени наградите за најубав двор или тераса

Доделени наградите за трите најубаво украсени новогодишни дворови и тераси. Изборот не беше лесен, но сепак одлуката беше едногласна, велат од Комисијата на Локалната самоуправа за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“.

 |  Николоска Биљана  | 
ukrasuvanje
украсување

nagradiДенес општина Охрид на трите семејства кои учествуваа на конкурсот за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ им ги додели наградите. Добитници се Иванка Гигер прва награда, Ристо Димоски втора и Фанија Станкоска трета награда. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, истакна дека оваа активност на Локалната како дел од програмата за одбележување на Нова Година, побудила голем интерес кај охриѓани. Додаде дека тоа е доказ оти сите сограѓани сакаат Охрид за време на празниците да биде запаметен како прекрасно украсен град.

„Јас ќе ја искористам приликата да се заблагодарам до сите оние што учествуваа во огласот и до сите оние кои што не учествуваа во изборот а со личен пример допринесоа градот Охрид да биде убаво украсен и привлечно да изгледа за новогодишните празници со сето она што Локалната самоуправа го направи на овој план секако заеднички дадовем една солидна слика во јавноста“ – вели Спасески.

nagradiОваа убава традиција ќе ја продолжиме и наредната година, вели претседателката на комисијата Хавза Реџеп Какељ. Додава дека во иднина очекуваат поголема масовност кај охриѓани во пријавување на конкурсот за најубаво украсен новогодишен двор или тераса.

„Ние во вечерните часови ги посетивме апликантите, бидејќи навечер може да се види убавините на украсеното. И верувајте дека охриѓани многу се потрудиле за да ги украсат своите, дворови. Нас ни беше тешко да се одлучиме, но сепак со едногласна одлука ги избравме“ – изјави Реџеп -Какељ.

Првонаградената куќа на семејството Гигер од населбата Радојца Новичиќ, доби парична награда од 6000 денари. Тие оваа традиција ја практикуваале и во Швајцарија, а годиниве наназад ја продолжиле и во Охрид.

„Нашата традиција е секоја година за Божиќ да украсуваме, тоа почна од Швајцарија со сопругот и децата. Реквизитите ги зедовме со нас меѓутоа не беа доволни, се надеваме дека и од нашава земја ќе добиеме подобри реквизите за да можиме уште подобро да украсиме.

Втората награда во износ од 4000 ден ја понесе Ристо Димоски од Лакочереј. На неа најмногу се израдувале неговите ќеркички.

nagradi„Јас и претходно сум учествувал и ќе учествувам и во иднина, бидејќи моето задоволство како и на ќерките е големо.

Сите по малку украсувавме, вели трето наградената Фанија Станкоска од ул Сирма Војвода, која за прв пат конкурирала за најубаво украсен новогодишен двор или тераса и доби награда во износ од 3000 денари.

„Во моето семејство секој по малку нешто фати. Во секој од нас се крие по едно детенце кое се буди за време на празниците. Украсуваме години нанзад, но досега не сум учествувала на ваков конкурс, ниту сум знаела дека постои. Дел од реквизитите ни се од Америка, а дел од тука. Секоја година купуваме нови за да изгледа поубаво“.

На годинашниот натпревар „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“ се пријавија девет семејства, а изборот го изврши специјално формираната Комисија од локалната самоуправа.

{loadposition content9}