Доделени наградите на најдобрите ученици на државните натпревари
Охрид има прекрасна иднина со нашите деца, ние возрасните треба да им создадеме услови и желба својот живот да го продолжат тука. Оваa порака доаѓа од претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, денес кога сите го славиме големото дело на светите Кирил и Методиј.
Денес на плоштадот пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Градскиот парк во Охрид, претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска на најдобрите основци и средношколци од Охрид им врачи награди, за постигнати врвни резултати на државни натпревари, по различни наставни предмети. Списокот на наградени ученици беше над 50 сетина.
„Можевте да бидете сведоци на навистина големиот број наградени ученици во сите области, значи природни, општествени науки, книжевност, литераура, многу музичари млади од нашата општина и тоа е нешто што без сомнение не уверува сите нас дека Охрид има прекрасна иднина со вакви прекрасни деца. На нас возрасните останува обврската да им создадеме услови и желба својот живот да го продолжат тука“ .
Коњаноска исто така нагласи дека кога го славиме големото дело на светите Кирил и Методиј и кога конечно и цела Европа го слави денот на своите заштитници, една од најпријатните задачи е точно оваа денешната, кога треба да се признае успехот на најдобрите охриѓанчиња и да им се врачат наградите. Ианку свежо цвеќе пред споменикот на светите Апостоли положија делегации на општина Охрид, основните и средни училишта, претставници на политичките партии и останати институции и граѓани. Во делот на културно – забавната програма свој настап имаше хорот од Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ и младиот музичар Мартин Милески.