црвен крст – охрид
Доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” ќе се одржи утре
На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.
Поради прогласувањето на денешниот ден за ден на жалост, Црвен крст Охрид ги информира наградените од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца дека доделувањето на наградите од конкурсот “Животот е убав” се одложува за утре 29.11 (петок) во 12:30 часот во просториите на Црвен крст Охрид.


