Општина Охрид распиша јавен повик за доделување стипендии за додипломски студии.
Врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), Меморандумот за соработка број 09-4844/1 од 07.04.2022 година, склучен помеѓу општина Охрид и Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, како и Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување на 15 стипендии за додипломски студии на жители на општина Охрид кои имаат намера да студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК