Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица
Се потпиша договорот помеѓу инвеститорот и локалната за изградба на современа автобуска станица. Деталите како таа ќе изгледа не беа откриени но беше кажано дека ќе биде по сите европски стандарди.
Охрид ќе ја добие најубавата и најсовремена автобуска станица во државава и регионов. Ова го потенцира Аднан Исмаил од транспортната компанија и туристичка агенција „Делфина Турс“ од Скопје при денешното потпишување на договорот со локалната за изградба на современа автобуска станица во Охрид.
Моментално работиме на потребната проектна документација и добивање дозволи за почеток на градба со надеж дека тоа ќе го реализираме во најкус можен рок за да отпочнеме со самата градба. Ќе ја искористме и ќе ја оправдаме дадената довербата на граѓаните и ќе работиме на афирмација на бисерот на Македонија, прекрасниот Охрид, изјави Исмаил.
Со изградбата на модерната автобуска станица која му недостигаше на Охрид ќе заживее овој дел од градот и ќе се поправи првиот впечаток на туристите кои доаѓаат во Охрид, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во изградбата ќе бидат ангажирани локални компании, а во новата автобуска станица и придружните објекти ќе се креираат и нови работни места со што ќе заживее локалната економија, додаде тој.
Тргнувајќи од фактот дека инвеститорот досегаги испочитува сите законски обврски и временски рамки во законски поставените рокови сигурен сум дека и понатаму работите ќе течат со една поскувана динамика и автобуската ќе биде направена како што беше ветено, рече Бакрачески.
Инаку, по неодамна завршената јавна лицитација за продажба на градежно земјиште „Делфина Турс“ стана сопственик на градежната парцела со вкупна површина од околу 12.000 метри квадратни каде што ќе се гради новата современа автобуска станица.
Почетната цена изнесуваше 3 170 ден., а на јавната аукција беше достигната цена од 3 487 денари, односно вкупно 41 833 540 денари, од кои осумдесет проценти одат на сметка на општината, а 20% на сметка на Министерството за транспорт и врски односно Владата на Република Македонија.
Инвеститорот има обврска да обезбеди одобрение за градба во рок не подолг од една година, а во период од две до четири години ќе треба комплетно да го реализира проектот. Објектот е предвидено да има приземје плус четири ката и поткровје и други придружни објекти.
{loadposition content9}