Skip to main content

Првиот договор за закуп на паркинзи ќе се раскине,а за другиот ќе има судска постапка

Градоначалникот ќе го поништи првиот договор за закуп на паркинзи.

 |  Маленкова Татјана  | 
parkinzi
паркинзи

Една и единствена точка на денешната седница на совет – Предлог Информација во врска со состојбата со паркинг просторите во централното градско подрачје на општина Охрид.
Советот на општина Oхрид го задолжи градоначалникот да подготви предлог информација за состојбата на паркинзите поради што беше формирана комисија составена од адвокат, двајца правници и еден сообраќаен инжињер и еден економист кои ја утврдуваа правната регуларност и економската оправданост на договорите за закуп на паркинг просторите во централното градско подрачје. Комисијата по увидот на целата документација која претходела на договорите изготви мислење и врз база на тоа се бараше раскинување на првиот договор за закуп од јули месец  2012 год. И поведување на соодветна судска постапка за поништување на вториот договор од 01 март 2013 год. за поширокото градско подрачје.

По оваа експертска анализа и изготвен заклучок заседаваа комисиите за јавни дејности и комунален развој иsednica sovet Ohrid комисијата за финансирање и буџет. Тие донесоа предлог заклучок со кој го задолжуваат градоначалникот да го раскине првиот договор за закуп  и да поведе постапка за поништување на вториот.

„Комисијата која беше формирана имаше забелешки по однос на нерегуларностите на објавувањето на огласот, и во поглед на договорот на закуп каде не беа дефинирани овие работи. Првиот договор за закуп по препорака на советот јас имам налог да го раскинам. Тоа подразбира дека тој договор нема никакво правно дејствие. Она што ние со надлежните сектори разговаравме е дека во некоја идна постапка ќе треба да се даде на некоја друга постапка на користење на некои од јавните претпријатија кои понатака ќе стопанисуваат со тие пракинг простори како што граѓаните бараат од нас“, вели Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Советниците од опозицијата нити го подржаа нити одбија извештајот на комисијата. Советникот  Томислав Тунтев истакна дека од средствата за јавно информирање во изминатиов период биле сведоци на одредени изјави дека мнозинството на минатиот совет донел неразумна одлука, а со таквата констатација тие не се сложуваат. На денешната седница Тунтев ги изнесе фактите  зошто мнозинството на советот во минатиот состав делувал според законските прописи.

„Советот, односно советниците немаат увид во ниту еден договор и ниту една постапка за објавување оглас односно тендер, односно избор од страна на комисија на  најдобар добавувач што значи единствените забелешки кои ги видовме од информацијата беа дека се работи за неправилности во постапката на објавување и избор и склучување на договори. Значи тоа е надвор од надлежностите на советот и ние како позиција јасно и децидно истакнав дека му даваме потполна подршка на градоначалникот да ги превземе сите законски мерки и можности кои му стојат на располагање доколку имало такви работи да ги изнесе на виделина, оддносно да ги пријави до соодветните органи“, вели советникот од СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев додаде дека што се однесува до финансиските импликации за кои им било  нагласено дека се штетни  врз основа на информацијата не можеле да заклучат дека договорите односно постапките се штетни за Охрид и охриѓани. Тунтев додаде дека токму поради тоа нивниот став бил да бидат воздржани по однос на ова прашање. Тој е категоричен дека доколку постои штетност во договорите за тоа треба да се искажат судките органи. Но тоа не е работа на советот, вели Тунтев.  
Советничката група пак на коалицијата „За подобра Македнија“
го подржа извештајот на комисијата.

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ го подржа заклучокот кој беше доставен од страна на комисијата за parkinziфинсии и јавни и комунални дејности, а заклучокот гласеше дека еден од договите траба да се раскине,а за другиот да се поведе судска постапка со што предизборното ветување на ВМРО ДПМНЕ дека ќе ставиме крај на голготата во однос на паркирањето и проблемите кои се јавуваа и кај нашите граѓани и кај оние кои доаѓаат ќе прекине“, истакна координатор на сов. група „За подобра Македонија“, Сашо Донев.

Градоначалникот пред новинарите објасна дека договорот за закуп на паркинзите од 01 март 2013 год. бил потпишан без да се изнесе комисијата за спроведување на постапката.  Тој кажа дека во текот на изборната кампања  во изминатите три месеци комисијата за спроведување на постапката која ја формирал поранешниот градоначалник се обратила до антикорупциска комисија за да добие мислење во однос на продолжување на постапката.  

„Во два дописи од антикорупциска комисија е побарано да се прекине постапката,  а со последниот допис од антикорупциската комисија се бара поништување на постапката за издавање на паркинг просторите под закуп“, истакна Бакрачески.
Тој кажа дека оваа комисија се произнесла на 01 април 2013 год. И оваа комисија постапува според препораките на антикорупциска комисија и ја поништува постапката за издавање на паркинг просторите под закуп. Тогашниот градначалник има потпишано договор за закуп еден месец пред да се произнесе комисијата за спроведување на постапката.

{loadposition content9}