Утрово дојава за бомба и во Основниот суд Охрид.
Денеска во 07:50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Дел од бул. „Македонски просветители“ е затворена за сообраќај и минувачи. Секојдневните дојави за бомби во училиштата и државните институции траат со месеци во земјава.
Ова е прва дојава за бомба во Основниот суд Охрид, а пред извесно време лажна дојава за бомба имаше во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Извор/ОхридНет