Утре, 19-ти август, на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи мултимедијалниот настан „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“.
Ќе се реализира дебата на тема „Еднаква. Своја. Успешна!“, на која учество ќе земат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерката за одбрана Славјанка Петровска, првата дама на Република Македонија, сопругата на македонскиот претседател проф. Елизабета Ѓоргиевска, Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје и други.
На програмата е и настап на женската музичка група „Шербет“, уметничкото изразување со дел од студентките на ИБУ, „Среќа“ во изведба на Интимен театар Битола, како и гравирање на стакло и стаклени чаши со Мартина Наумовска.
Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, нивна активација и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Идејата е преку сведоштва и лични приказни говорниците и говорничките да ги инспирираат младите за важноста од рамноправноста и еднаквоста во општетството и во принцип колку е важна општесвената вклученост од страна на младите.