Skip to main content

Доктори и медицински сестри од болницата Св Еразмо учествуваа на повеќе интернационални и национални конгреси

Тие продолжуваат да не инспирираат со нивната посветеност и професионализам, како одраз на високите стандарди кои секојдневно ги практикуваат, велат од болницата Св. Еразмо и воедно упатуваат честитки за успехот на тимот.
 |  инфодеск  | 

Медицински персонал од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид  изминатиов период учествуваше на повеќе интернационални и национални конгреси.

Докторите од Св.Еразмо и психологот преку нивните презентации ја покажаа својата стручност и извондредност во работата. Нивните излагања служат како доказ за посветеноста на нашата болница кон благосостојбата на нашите пациенти, велат од болницата.

Д-р. Маја Божиновска-Смическа, специјалист невролог во болницата Св. Еразмо, презентираше на ESO SAP E conference 2024, на тема – “National accomplishments and obstacles in their implementation of the Stroke Action Plan in 2023”.

На Интернационалниот конгрес за приказ на случаи, д-р. Ана Томевска одржа предавање за уникатниот медицински пат на пациент третиран во нашата болница, со наслов “Pericranial – Onlay cranioplasty technique following a decompressive hemicraniectomy”.

По повод 17 години од прогласувањето на светскиот ден на лицата со аутизам, психологот Марија Бојаџи Љатко одржа предавање на тема “Рана детекција и интервенција на аутистичен спектар на нарушувања”.

Медицинските сестри од одделот за анестезиологија и интензивно лекување присуствуваа на првиот едукативен Конгрес на МЗМСАРИН (Медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега). Тие продолжуваат да не инспирираат со нивната посветеност и професионализам, како одраз на високите стандарди кои секојдневно ги практикуваат, велат од болницата Св. Еразмо и воедно упатуваат честитки за успехот на тимот.