Skip to main content

БТВ во Охрид

Документарец „Бугарин во Северна Македонија“

„Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, е дел од најавата за денешното емитување на филмот.
 |  инфодеск  | 
филм БТВ

Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во Северна Македонија“.

„Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, е дел од најавата за денешното емитување на филмот.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. “, пишува во најавата на веб страната на БТВ.
За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.

Автори на филмот се репортерот Ивелина Драгнева и снимателот Петар Джанаваров.