Skip to main content

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра. Тоа за прв пат се случва во историјата на општина Охрид, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Наследивме незапамтен долг во историјата на Р. Македонија, но благодарение на нашата посветеност во справување со должничката криза уште од првиот ден на нашиот мандат се зазедовме со решавање на овој горлив проблем, додава градоначалникот.

 |  Николоска Биљана  | 
лого
logo

opstina ohridФамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура.

„Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална самоуправа е намален за некаде отприлика 246 милиони денари или околу 4 милиони евра и тоа е прв пат во историјата на општина Охрид за толку краток период да се намали долг за 4 милиони евра а веројартно и прв пат во историјата на општина Охрид долгот да се намалува а не да расте“– вели градоначалникот.

opstina ohridБакрачески нагласува дека сеуште активно се вклучени во преговори со компаниите и со физичките лица на кои што општина Охрид им должи и потпишуваат договори за повлекување на извршните решенија и откажување од каматите.

„Имаме најави дека со уште една поголема група на овие субјекти ќе потпишеме договори со што значително ќе се намали долгот на општина Охрид, а во меѓувреме ние благодарение на домаќинското работење и градењето на една нова стратегија во одредување на приходната и расходната стапка на буџетот на општина Охрид успеавме да вратиме голем дел од тие обврски кои ги имавме наследено од претходните раководства“ – изјави Бакрачески.

Инаку, вкупниот долг кој што го наследи новата локална власт првично беше околу 33 милиони евра. Но во меѓувреме стигнало уште едно извршно решение од Министерството за финансии за неисплатени обврски од кредитот за обновување на водоводот од пред 10 – 15 години, кое, како што вели Градоначалникот,  претходното раководство не сметало за обврска дека треба редовно да го исплаќа тој долг. Така долгот пораснал 35 милиони евра не вклучувајќи го тука долгот на охридските ЈП кој што исто така е во милионски суми.

{loadposition content9}