Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган

Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Околу 20 тина лица чекаат донор на срце, 15тина црн дроб и околу 150 лица бубрези. Повеќето се млади, а дел се и деца. Но, свеста за органодарување е ниска, нема доволно донори.
Здруженијата велат, потребни се измени во Законот за трансплантации во земјава, според кој за органодарување последниот збор го има семејството. Секој човек е потенцијален донор, што значи дека во случај на мозочна смрт, по автоматизам се смета дека е донатор на органи. Секако, неопходен услов е претходнo во текот на животот доброволно да се изјасни дека ќе ги донира своите органи во случај на смрт. . Неопходно е и да се изврши измена во делот кој предвидува задолжителна согласност од семејството, а воедно да може жив донор иако не е член на семејството да дарува орган на одредено лице.
„Законот за органодарителство треба да се менува бидејки има многу енлогичности. Од она што го знам е дека овој закон е копи пасте од законот во Хрватска. Има многу препреки во смисла она што мене како родител ми смета дека само блиската фамилија на семејството може да дарува орган зборувам за ливид донор а доколлку се работи за починато лице вие мора да кажите на вашето семејство па тоа после вашата смрт одлучува дали ќе биде извршено органодарителството. Би апелира до власите под итно да се изменуваат одредени членови од законот за органодарителство за да се доближат поблиску и граѓаните и да помогнат на оваа ранлива група.“- вели Гордана Лолеска од ЗГ “Ретко е да си редок” воедно и родител на дете на дијализа.
Кога би имало поголем број органодарители, ќе се намали бројот на пациенти во преполните болници, но и страдањето на болните.
„ Ќе се намали страдањето, бидејки не е лесно да одиш три пати неделно на дијализа. Мојот син излегува од дома во 12:15, а се враќа во 18 30. Еден млад човек од 23 години заробен на машина моментално е два пати во текот на неделата мегутоа се зависи како ке работат понатаму бубрезите па може ќе го вклучат и повеќе пати неделно.“ – додава Лолеска.
Проблемот со малиот одзив на органодарителство во земјава е во тоа што недоволно се работи на јавната промоција на значењето на органодарителството и трансплантацијата.
Новинар Соња Рилковска
Latest Охрид
