Долгот кон ЕВН на ОУ „Григор Прличев“ ги раскара охридксите советници
Долга и бурна расправа на денешната седница на Совет предизвика Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија. Многу меѓусебни обвинувања искажаа градските избраници. Опозициските советници обвинија дека за 4 години не се решил проблемот со блокираната сметка на училиштето и дека градоначалникот воопшто не го информирал советот за постапките и чекорите кои што ги презел за надминување на овој проблем.
Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН ги раскара градските избраници. Од 36 те точки на дневен ред таа беше единствената точка по која советниците бурно расправаа. Координаторот на СДСМ Јован Стојаноски смета дека со тоа што 2 и пол години како советници кревале рака се согласувавале за исплата на долговите предизвикале само негативен повратен ефект, односно проблемот се ставал под тепих и овој пат тие гласаа воздржано, сметајќи дека еднаш пред јавноста треба да се отворат картите.
„Ние 4 години не најдовме решение за овој горлив проблем кој што го тангира работењето на општиона Охрид. Ние кажавме дека и кога пред две и пол години кога за прв пат се носеше одлуката дека ќе ја поддржиме, но не и во овој момент, затоа што доста беше од ставање работи под тепих. Едноставно кажано, немавте 4 години начин да го решите проблемот, ништо друго не беше кажано од наша страна и треба проблемот да излези и да се актуелизира“- истакна Стојаноски.
Атмосферата ја разгори коментарот на советникот Ангел Јанев, кој нагласи дека на дискусијата за проблемите на ОУ „Григор Прличев“ не треба да се става политичка конотација.
„Еве ќе ја искористам говорницата и апел до Вас , до министерката за образование а и Вие ќе се обидеме да деадеме еден исчекор еден напор се што не сме можеле, ако не сме може, друго е да покажуваме со прст, друго е да сакаме да го решиме проблемот“- изјави Јанев.
Советникот Дејан Блажески смета дека одлуката за долгот на ОУ „Григор Прличев“ е дискриминаторска, бидејќи со таа одлука се помага само на едно училиште. Тој му реплицираше на советникот Јанев за политичкиот момент на расправата.
„Г- дине Ангел Јанев, политичкиот момент е овде затоа што одговорноста ја презеде политички избран градоначалник на овој град и од тука се провлекува политичката поента за да бараме реферирање во најамала рака за состојбите со кои се соочува ОУ „Григор Прличев“ – вели Блажески.
Советникот од ВМРО – НП, Јоне Станкоски од советничката говорница потсети дека секоја одговорна власт треба да ги преземе обврските и да ги решава. Конкретно за проблемот со ОУ „Григор Прличев“ истакна дека не е настанат во времето на актуелната Локална самоуправа но исто така до ден денес не е решен.
„Пред три години јавно беше кажано дека проблемот ќе биде решен само за неколку месеци и овој проблем се одолговлекува до ден денес. Во најамала рака денеска со оваа одлука требаше барем да имаме писмено образложение зошто проблемот не е решен, што е преземено од страна на градоначалникот“ – рече Станкоски.
Градоначалникот Никола Бакрачески кој не беше присутен на седницата од нејзиниот почеток, за текот на дискусијата околу долгот на ОУ „Григор Прличев“беше запознат од страна на секретарот на општина. Тој се обиде да даде појаснување на дилемите околу проблемот на ова основно училиште.
„Преговараме околу начините за исплата на долгот кој што е обврска на општина Охрид, креиран дваесеттина години наназад, јас нема да посочувам виновници кој колку работел на решавање на проблемот. Со сопствениците на земјиштето имаме недоразбирање околу начинот на пресметка на каматата на основниот долг, за кое што судската одлука е јасна. Општина Охрид калкулации со закон нема да прави никогаш, и ние врз основа на желбите на поединци да се стекнат со повеќе средства од она што налага законот нема да дозволиме. Тоа е причината што не е решен проблемот со деблокирање на сметката на „Григор Прличев“ .
Во 2014 на ОУ „Григор Прличев“ му беше исклучена електричната енергија, поради долг кон ЕВН Македонија, а по основ на судско извршно решение за исплата на надоместок за експропријација извршена во 1989 година во дворот на училиштето, имот во државна соспственост, а чиј корисник е „Григор Прличев“ жиро сметката беше блокирана. Со цел решавање на проблемот, советот на општина Охрид донесе одлука со која Локалната самоуправа се обврза да ја преземе исплатата на долгот за потрошена електрична енергија.