Домашната економија доживеа пад во вториот квартал од годинава
Во месеците април, мај и јуни минусот изнесува дури 12,7 отсто, инфромираат од Државниот завод за статистика. Стистичките податоци говорат дека пад на БДП се бележи од 12,7 отсто од како во првиот квартал домашниот БДП имаше раст на ниво на статистичка грешка од 0,2 отсто. Тоа е еден економски показател дека домашната економија во првото полугодие доживеала голем пад.
Трговијата, рударството и преработувачката индустрија ги почуствуваа најсилно економските удари како резулата на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 во вториот квартал од годинава. Статистичките податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека овие три сектори имаат најголем екомски пад. Во овие дејности има застој во работата во месеците април, мај и дел од јуни, поради рестриктивните мерки на заштита од пандемијата од коронавирусот. 29,4 проценти има пад во преработувачката индустрија.
Статистичарите забележале податок од 23,4 проценти пад во дејностите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Пад од 25,2 отсто има во секторите рударство, вадење на камен, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Во градежништвото има пад од само 0,5 отсто, а минус од 3,1 отсто има кај финансиските дејности и осигурувањето, како и кај стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности.
Мал минус од 0,2 отсто е регистриран во дејностите уметност, забава и рекреација, услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Во услови на криза од корона вирусот се бележи пораст во секторот земјоделие. Тука има зголемување од 4,5 отсто, па следуваат информациите и комуникациите за 0,9 отсто, јавната управа и одбраната пораснале за 2,2 отсто. Во дејноста недвижен имот нема ни раст, ниту пад.
Податоците покажуваат дека извозот во второто тримесечје годинава е намален за 31,3 отсто, додека увозот бележи пад од 29,6 отсто.
Пад на БДП се бележи од 12,7 отсто од како во првиот квартал домашниот БДП имаше раст на ниво на статистичка грешка од 0,2 отсто. Ова значи дека домашната економија во првото полугодие доживеала голем пад.