Домашните туристички агенции бараат помош од хотелите и државата
Домашните туристички агенции трпат тешки финансиски загуби и ја делат неизвесната судбина со целата туристичка индустрија. Бараат поддршка од хотелиерите и од државата за заштита во борбата да преживее во време на пандемијата со Ковид 19. Гаат мала надеж за спас на веќе пропадната сезона во месеците август и септември, но со голема доза на резервираност во очекувањата.
Домашната како и светската туристичка индустрија трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид 19. Домашните туристички агенции трпат тешки финансиски загуби и ја делат неизвесната судбина со сите чинители кои се дел од синџиорт на туристичка индустрија. Олег Маленко од ТА Виспој вели дека додека се чекаат првите гости во август и септември бараат посериозен пристап во појаснување на условите за користење на платежните картички за домашните гости.
„Мислам посериозно да се сфати работата. Угостителсвото и туризмот се голема гранка која во Македонија вработува повеќе од 5000 луѓе со високи плати. Стандардите да се запазат и ни треба малку поголема помош. Системот кој го имаат ваучерите да се дообјасни убаво и да се каже дека може да се користи и во туристичките агенции не само во хотелите за да може и ние нешто да продадеме. Хотелите да се покоректни и нас да ни дадат ветер во крилјата, на туристичките агенции, кои со години наназад им носиме гости“.
Туристичките агенции бараат поддршка не само од хотелиерите туку и од државата да помогне за да опстанат во нивната дејност во времена на пандемијата.
„Државата да стави крај и да ги заштитат агенциите. Ние сме растурени во повеќе комори, но мора да се стави ред не може странските туроператори да дојдат и да преговараат без локални партнери. Не мора да се од Охрид нека бидат од Македонија. Само така ќе бидеме заштитени. Не може маркетинг агенции и ПР агенти да организираат средби во хотелите и настани, а туристичките агенции и тур-операторите да се прескокнати“, вели Маленко.
Во меѓувреме, туристичките агенции гаат мала надеж за покривање на загубите, од веќе пропадната сезона, во месеците август и септември, но со голема доза на резервираност во очекувањата.