Домашниот туризам бележи раст
Домашната туристичка индустрија бележи пораст , информира Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. До крајот на септември очекуваме да се остварат планираните 2,6 милиони ноќевања, напоменува Јаневски. Во првата половина од годинава на охридското крајбрежје најбројни се гостите од Србија и Албанија со зголемена посетеност од 20 до 30 проценти споредено со 2019 година. Следуваат традиционалните туристи од Полска, Холандија, Германија и Турција. За разлика од странските туроператоти , само три посто од домашните тур-оператори ја нуделе земјава како дестинација.
„Тој процент не е изменат. Кампањата дома си е дома , која почна на почетокот од 2020 требаше да ги охрабри домашните туроператори да ги посетат и нудат домашните капацитети. Но, туристичките агенции и туроператорите, а и хотелите кога ќе заврши летната сезона не нудат аранжамани за домашните туристи за да се продолжи сезоната“, кажува Јаневски.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе креира систем за субвенции за да ја поттикне продажбата на викенд аранжманите од страна на домашните труопертори. За сите викенд пакети ќе има дополнителна услуга. До три ноќевања со појадок да има една субвенција, над три ноќевања дополнителна, друга субвенција, појаснува Јаневски. На овој начин во наредните две до ти години домашните тур-оператори ќе се охрабрат во и вон сезона што повеќе да ја продаваат земјава како туристичка дестинација на домашните туристи.
„За викенд аранжманите, на домашните туроператори да им помогнеме во покривање на дополнителните трошоци и да ги охрабриме да ги нудат домашните дестинации. Исто така, и со предлогот ваучерите кои се даваа на сите вработени во приватниот и државниот сектор, како к -15, да се искористат во домашните капацитети. На таков начин да овзоможиме реинвестиции во домашните капацитеите и да се реализираат дополнителни милион ноќевања во текот на сезоната од домашните туристи“,вели Јаневски.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот подготвува стратешки план за да се постигне поуспешен домашен туристички развој за периодот 2023 – 2025 година. Очекувањата се во 2023 да се реализираат 3,2 милоини ноќевања, а во 2025 година да се достигне бројка од над 4 милиони ноќевања, а пола милјарда долари да се влеат од туристичката индустрија во домашната економија.