Skip to main content

Донација за детското одделение на Специјалната болница „Св.Еразмо“

Претставници на општествено одговорната фирма „Глаксос митклајн“ денес со својата донација дадоа мал придонес во подобрувањето на условите на  пациентите во оваа реномирана здравствена установа.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sv.Erazmo
Св.Еразмо

Најмалите пациенти од Детското одделение на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ од Охрид, добија донација во постелнина, играчки, училишен  и друг потрошен материјал, од општествено одоговорната фирма „Глаксосмитклајн“. Дваесет и петте дечиња кои се на рехабилитација во ова одделение денес ги посетија претставниците на оваа фирма, кои покрај донацијата, за потребите на болницата буквално даруваа и дел од себе, дарувајќи крв, потврдувајќи го нивниот волонтерски дух.

donatori„Оттука дојдовме денес сите вработени во „Глаксосмитклајн“ од една страна да ја врачиме донацијата која и самиот директор ја спомнаво форма на постелина она што најмногу им значи на болните, меѓутоа тука би се осврнала и на волонтерскиот дух што постои меѓу нив, а тоа е дека сите денес доброволно дојдовме, донесовме играчки, училишен прибор и се она што на дечињата може да им го разубави денот и престојот во болницата“ објасни директорката Биљана Индова.

Благоја Балев – помошник директор на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ истакна дека донацијата на „Глаксо“ е резултат на извршената проценка од нивна страна, а се со цел да се подобри стандардот на лекувањето на младите пациенти.

Blagoja Balev„Самата донација доставена од „Глаксо“ за нас е добредојдена затоа што потребите од медицински потрошен материјал ги регулираме преку јавни набавки, како и набавката на посетилни се регулира согласно законот, меѓутоа бидејќи станува збор за потреби од поголем интензитет, и материјали кои се трошат брзо, обновата треба постојано да се врши“ рече помошник директорот Балев.

Инаку оваа донација не е единствениот доказ за општествената одговорност која полека станува еден вид заштитен симбол на голем број успешни фирми од земјава. Помошник директорот Балев во таа насока ја истакна и Донацијата на „Алкалоид“ и тоа биохемискиот апарат, кој неодамна го донирале, а кој е од огромна важност за институцијата, посебно во предоперативната дијагностика.

{loadposition content9}