Донација од кислородни маски за охридските ковид центри
Градоначалникот на Општина Охрид Др Константин Георгиески, оствари работна средба со директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балески.
Градоначалникот на Општина Охрид Др Константин Георгиески, оствари работна средба со директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балески.
На средбата градоначалникот Георгиески и директорот Балески разговараа за моменталната состојба со ковид 19 во охридската болница и за изградбата на кислородна станица до модуларната ковид болница .
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на директорот на ЈЗУ Општа Болница во оваа пригода му врачи донација “Охајо” кислородни маски кои се неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка, додека маските беа обезбедени преку СОС Балканмедиа.
Градоначалникот Георгиески и Др Горан Балески го посетија и Центарот за кардиоваскуларни заболувања, каде што се лекуваат пациенти од Ковид 19, каде што исто така градоначалникот Георгиески предаде донација на кислородни маски “Охајо” за потребите на кардиолошкиот центар.