Skip to main content

Донација од Магна за ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на општествено одговорната компанија „Магна“ беше предадена вредна донација која се состои од 25 микроконтролери од типот ARDUINO UNO.
 |  инфодеск  | 

Уште една вредна донација во опрема за потребите на наставата и учениците во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. На 29.08.2024 година во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од страна на претставници на општествено одговорната компанија „Магна“ беше предадена вредна донација која се состои од 25 микроконтролери од типот ARDUINO UNO. –Оваа опрема е наменета за одржување на практичните вежби по стручните предмети во нашето училиште, со што учениците ќе имаат можност да се здобијат со компетенции за работа со овој тип на микроконтролери, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Донацијата е резултат на повеќегодишната соработка на компанијата Магна со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ што се одвива преку дуалното образование, а која ќе продолжи и во наредниот период, се додава во соопштението.