Skip to main content

Донација од маси и столчиња за градинката „Јасна Ристеска“

Охриѓанката Мирка Милеска, која живее во Холандија, за само неколку дена со нова помош за охридските воспитно образовни институции. Наредната донација вели дека ќе се потруди да биде уште поголема од оваа.

 |  Мишел Наумоски  | 

19 маси и 34 столчиња ги збогатија просториите на градинката „Јасна Ристеска“. Охриѓанката, Мирка Милеска која долги години живее и твори во Холандија, по втор пат за само неколку дена со своја донација ги потпомага охридските воспитно-образовни институции. Според Розе Костеска, директорка на градинката „Јасна Ристеска“, донацијата е повеќе од добредојдена.

donacija stolcinja masi„Нејзиниот ентузијазам за помагање и оваа денешна донација не е за прв пат, таа во повеќе наврати помагала во нашата република, особено во Охрид од каде што потекнува и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму и дека нашите дечиња ќе имаат можност да уживаат во благодетите кои што нашите македонци од дијаспората секогаш ги донираат за дечињата во нашите градинки и училиштата. Се надевам дека оваа соработка продолжува и понатаму, и дека таа ќе биде еден репер за останатите наши македонци во дијаспората да и помагаат на Република Македонија на секое ниво.“-вели Костеска.

Милеска вели дека е воодушевена од пречекот кој го добила. Таа изрази надеж дека со оваа според неа скромна донација успеала да придонесе нешто за децата и градот од кој потекнува.

„Желбата ми е, јас сум македонка и ќе останам македонка иако живеам во Холандија, слабост ми се децата, школите и сакам да придонесам нешто за нив. Слушнав од директорката имаат потреба од многу работи за другата прилика мислам дека ќе се потрудиме уште повеќе да донесиме.“-рече Милеска.

Благодарност за донацијата стигна и од заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

„Бројката на клупите, столчињата и се она што оди покрај тоа што е од огромна помош за сите деца е многу поголема од она што како бројка го слушнавте денес. Јас ќе се придружам на зборовите на директорката се надевам дека оваа донација е една од донациите кои вие ги насочивте кон Охрид и Македонија, имаме потреба од тоа и се надевам дека повторно ќе биде во корист на дечињата од градот Охрид.“-изјави Јанев.

donacija gradinkaДонацијата на Милеска, и во градинката, како и во основното училиште „Григор Прличев“ стигнала со посредство на Црвениот крст од Охрид.

„Се надевам дека на градинката ќе и овозможиме барем малку помош во овој дел со оваа донација. За понатаму тука сме за да помогнеме во добивањето на потребните дозволи од соодветните министерства за секоја добронамерна донација да стигне во вистинските раце во нашиот град.“-рече Мимоза Ставрева од Црвениот крст од Охрид.

Во насока на учење на дечињата на вистински вредности, а во рамки на проектот „Од дете, за дете“, минатата недела била организирана и хуманитарна акција во која дечињата, нивните родители и персоналот на градинката собрале поголема количина на облека, обувки како и вода за пиење како помош за дечињата односно семејствата кои настрадаа во поплавите кои неодамна го зафатија Тетово.