Во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016” денеска ќе се одржи работилница: „Донесување на одлуки со примена на концептот на екосистемски услуги“.
Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1-ви декември 2022 годинаи ќе трае до 1-ви октомври 2023 година.
Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита.
Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава