Донев: Со СДСМ и Константин Георгиески на власт Охрид тоне во безизлез
Власта за Охрид покажа непочитување, исто како што покажа и за се’ друго, упатија обвинување од ОК ВМРО ДПМНЕ на прес конференција.
За СДСМ и Константин Георгиески посветеноста за проблемите на граѓаните е само лага пред избори затоа што откако ќе дојдат на власт забораваат на дадените ветувања, обвини Сашо Донев од говорницата на ОК Вмро Дпмне на денешната прес конференција.
„Охрид ги дочека гостите во сообраќаен хаос, раскопани улици, блокирани улици, тротоари, пешачки и велосипедски патеки. Урбаната опрема повторно поставена насекаде низ градот без никаков ред. Ништо од пријатно место за прошетка и одмор на туристите и граѓаните. Улиците и позначајните сообраќајници низ градот и понатаму се во катастрофална состојба“, обвини Донев.
Донев со став дека рампите во центарот на Охрид не функционираат и дека тоа ја потврдува погрешната политика на локалната власт. Со тоа што рампите стојат кренати токму во кампањата за локалните избори мислат дека ќе го намалат револтот на граѓаните, кажа Донев.
„ Беззаконието го гледаме на секој чекор, а надлежните се немоќни и не можат да се справат исто како што не можат да воведат ред со дивоградбите. Власта мора да понесе одговорност за сите овие неправди кон граѓаните“, истакна Донев.
Охрид е многу повеќе од лагите и неостварени ветувања на СДСМ. На Охрид му треба градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, порача Донев.