„Донирај компјутер“- хуманитарна акција на охридските гимназијалци
Ученици од ОСУ „Св Климент Охридски“ заедно со професорот Дарко Цветкоски поправаат компјутери кои потоа ќе ги подарат онаму каде што се најпотребни.
Ученици од ОСУ „Св Климент Охридски“, по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние кому им се најмногу потребни како Новогодишни подароци.

„Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!“ – велат од охридската гимназија.

ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид заедно со учениците и професорот Дарко Цветкоски кои беа вклучени во целата акција, им ја честитаат 2024 година на своите сограѓани.



